Khetane со свој придонес во Извештајот за спроведувањето на националните стратегии за интеграција на Ромите
Европската Комисија го публикуваше Извештајот за спроведувањето на националните стратегии за интеграција на Ромите. Свој придонес во извештајот за спроведувањето на Стратегија за Роми во Република Северна Македонија даде и коалицијата Khetane*, односно во деловите посветени на граѓанското општество и имплементацијата на националната стратегија за интеграција на Ромите.
Делот посветен на Република Северна Македонија може да се најде тука.
А целосниот извештај тука.
*Коалицијата Khetane се креираше во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.
Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Проектот е финансиран од Европската Унија