Новости Публикации

Khetane на тркалезна маса за транспарентност и отчетност на Ромските граѓански организации

На 28 јуни 2018 во Европскиот парламент се оддржа тркалезна маса за јакнењето на независните Ромски граѓански организации како транспарентни и отчетни.

На тркалезната маса во Европскиот парламент, ЕРГО и нејзините членки од Западен Балкан и Турција како и земјите од Вишеград, Унгарија, Словачка и Чешка го презентираа проектот кој има за цел да го зајакне ромското граѓанско општество преку развивање на граѓанските организации како независни и транспарентни организаци-чувари. Настанот беше поддржан и организиран од страна на Сораја Пост (Зелените / ЕФА), Питер Нидермулер (С&Д), Томас Здечовски (ЕПП) и Јавор Бенедект (Зелените / ЕФА). На овој настан како претставници на Khetane присуствуваа Мустафа Jакупов и Дениз Селмани.

Дискусијата ја отвори директорот на ERGO мрежата, Јамен Габриела Храбанова, која ја истакна важноста од промовирање на транспарентност и отчетност кај граѓанските организации и меѓу институциите. Европратеникот Јавор Бенедект ги поздрави критериумите за транспарентност преку видео порака и истакна дека е од особена важност за него да се соработува со граѓанските организации кои работат на терен. Тој, исто така, ја истакна важноста на финансирањето на граѓанските организации и подвлече дека е потребно да се биде независен од ниту еден донатор или институција доколку една организација сака да стане организација-чувар. Европратеникот Томас Здечовски додаде дека центарот на вниманието за учеството на Ромите во Европскиот парламент треба да се случи цела година, а не само за време на Ромската недела.

Дебатата беше затворена од европратеничката Бодил Валеро и Наташа Катачаткин, раководител на тимот за внатрешна политика на ЕУ во “Институтот за европска политика” при Фондацијата Отворено Општество. Бодил Валеро и Наташа Катачаткин додадоа дека недостатокот на транспарентност го користат оние што сакаат да ги замолчат работите кои не одат во нивен прилог. Наташа Катачаткин ја затвори дискусијата истакнувајќи дека невладините организации се подготвени да преземат водство и можат да развијат алатки како оние на ЕРГО мрежата.

Повеќе за настанот може да се прочита на: http://ergonetwork.org/2018/07/roundtable-in-the-european-parliament-on-transparency-criteria/

Исто така, беа промовирани критериумите за транспарентност и отчетност, кој што понатака ќе бидат преведени и на македонски јазик. Англиската верзија се наоѓа на следниот линк.