Претставникот на коалицијата Khetane, Ерол Адемов на 08.10.2018 година имаше свое излагање во пресрет на ЕУ Ромската платформа во Брисел на настан организиран од Европската комисија, Ерго мрежата и Рома Актив Албанија во рамките на проектот „„Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација за Македонија.
Настанот со наслов “Реинтеграција“ на западен Балкан: перспективии на повратниците со посебен акцент на Ромската заедница под покровителство на евро-пратениците Корнелија Ернст, Сораја Пост и Едвард Кукан имаше за цел да го адресира прашањето на интеграција на Ромската заедница, да даде човечка димензија на проблемот преку сведоштва на повратници, и да го претстави истражувањето на Светска Банка во однос на повратниците Роми на западен Балкан. При тоа, претставници на невладиниот сектор, владини институции и Европската комисија дадоа свое видување за ситуацијата на терен. Аларматно е што покрај повторените препораки од Европската комисија и Европскиот парламент, партиципацијата на Ромите и нивното зајакнување е ограничено со многу малку прогрес на терен, дури и регресивно во некои земји кои што се дел од проширувањето на ЕУ.
Претставникот на Khetane се фокусираше на искуствата на граѓанските организации на терен со повратниците Роми, претставувајќи ја фактичката состојба која што е неповолна и загрижувачка во однос на обезбедување услови на враќање во нормален живот на повратниците Роми во Македонија. Според податоците на германскиот парламент, Македонија во 2016 година имаше најголем процент на баратели на азил со 61,80%, после Србија со 82,60%.
ЕУ Ромската платформа продолжува денес адресирајќи ги клучните области за интеграција на Ромите и предизвиците како што се слабата инфраструктура и нееднаквости при домувањето на Ромите итн.