Состанок за координација и евалуација на членките на коалицијата во рамките на проектот „Ромската жена, моќ на промена во Западен Балкан и Турција“
За првпат, после почетокот на пандемијата, коалицијата “Khetane” организираше состанок со физичко присуство за координација, кој што се оддржа викендов (25-26.12.2021) во Скопје, односно во хотел Континентал.
На состанокот беше направен осврт и евалуација на проектните активности во рамките на проект „Ромската жена, моќ на промена во Западен Балкан и Турција“, кој што е во тек, и како пандемијата влијаеше врз реализацијата на активностите. Беа договорени насоките на делување за 2022 година, заедно со новите активности, вклучувајќи настани, изработка на нов извештај во сенка, како и почетокот на новиот циклус за натпреварот „Најпријателски Ромски градоначалник 2022“, чиј што повик ќе биде објавен на почетокот на 2022 година.
Наредните активности на коалицијата ќе започнат следната година, и ќе се осврнат на Ромската жена и нејзината улога во општеството. Традиционално, во периодот околу 8 март 2022 година, ќе биде организиран и настанот „Ромската жена во 21 век“ во соработка со институциите на државата. Фокусот за оваа година ќе биде политичкото учество на жените од Ромската заедница.
Коалицијата “Khetane” ја сочинуваат организациите: РРОМА, Сумнал, Асоцијација 24 Вакти, ЗМОЧП-Штип, ДРОМ, Ромалитико и Романо Авази, а од 2019 година се приклучи здружението Лачо Диве. Во текот на следната година, коалицијата ќе се сретнува со потенцијални нови членки.
Претседавачи на коалицијата од 2022 година, ќе бидат Сибел Бајрам од Лачо Диве, а ко-претседавач Ахмет Јашаревски од Дром. Воедно, им заврши претседавањето на Дениз Селмани од Ромалитико и Ерол Адемов од ЗМОЧП.
Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.
Проектот е финансиран од Европската Унија