Сопругата на Претседателот се обрати на настанот на коалицијата Khetane – „Ромската жена во 21-виот век“
Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска, по повод 8 Март- меѓународниот ден на жената присуствуваше и се обрати на настанот “Ромската жена во 21-виот век – можности, придонеси и предизвици” во организација на Коалицијата на ромски невладини организации “Khetane“.
Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека жените и девојките Ромки, коишто професионално се оствариле во своите области, се охрабрување и надеж за оние кои сеуште си го пробиваат патот. Моето присуство денеска на овој настан посветен на ромската жена, истакна сопругата на Претседателот, преставува силна и огромна поддршка на патот кон унапредување на положбата на жените во нашето општество .
Целосниот текст од обраќањето може да се проследи на следниот линк.
Коалицијата “Khetane” покани говорнички со различни профили и професионално искуство, вклучувајќи жени од ромската заедница кои што се докторки, правнички, едукаторки, жени кои што работат на економско зајакнување на ромската заедница и почитување на човековите права, со цел да ги споделат своите приказни и предизвиците со кои што се соочиле како ромски жени. Панелистки на настанот беа г-ѓа Надире Реџепи, г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, д-р Салија Љатиф Петрушовска, г-ца Лолита Хасани и г-ѓа Алма Мустафовска Салимовска, а модераторка на настанот беше г-ца Сибел Бајрам заедно со г-ца Урмета Арифовска, која што го имаше завршното обраќање на настанот. Покрај сопругата на Претседателот на РСМ, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, свое видео обраќања имаше и г-ѓа Марта Гарсија Фидалго, советничка и координаторка за интеграција на Ромите и еднаквост од генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија.
Настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици” се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа.
Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени во процесот на интеграција на ромската заедница, носењето на одлуки и креирањето оддржливи политики за Ромите во Северна Македонија, како идна членка на ЕУ.
За потребите на настанот и меѓународниот ден на жената, коалицијата “Khetane” креираше видео, поканувајќи и барајќи од ромски жени да испратат своја слика. Многумина, се одзваа на поканата и на крајот во видеото имаше 111 ромски жени со различни професии. Целта на видеото беше пред се да им се покаже почит на сите ромски жени од заедницата, но и да покаже на јавноста дека жените од ромската заедница одат кон нови можности, придонесуваат и се соочуваат со своите предизвици.
Целосниот настан може да се проследи на следното видео:
Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.
Проектот е финансиран од Европската Унија