Новости

Пандемијата COVID-19 и ромската заедница во Северна Македонија

Пандемија КОВИД-19 и ромската заедница во Северна Македонија

Во моментов, најранлива и погодена од пандемијата КОВИД-19 е ромската заедница. Прогласената Вонредна состојба и преземените мерки за стопирање на ширењето, иако разумна и логично точна во време на пандемично загрозување, ја влоши социјалната и економската состојба на ромската заедница. Многу ромски семејства зависеа од вршење на секундарна работа, како собирање половни материјали, пластика, хартија или продажба на отворен пазар и сега со преземените мерки од страна на владата и прогласениот полициски час, 90% од ромските семејства се изложени на ризик поради којшто не можат да обезбедат основни и неопходни залихи за да ги одржат своите семејства и да ги заштитат од пандемијата.

Од 11 март 2020 година, напорите за обезбедување и помош на ромската заедница од страна на властите и владините институции се минимални. Заедничко писмо на група Ромски граѓански организации, предводени од ИНСОК и мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во кои што се вклучени РРОМА, 24 Вакти и Ромалитико, беше испратено на 16 март до Владата, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и кризниот штаб што се занимава со пандемијата КОВИД- 19 посочувајќи ја важноста за влијанието на вирусот во многу од ромските населби, особено ако се земат предвид инфраструктурата и супстандардните услови за живеење каде живеат многу Роми и дека истите можат да се влошат многу брзо, доколку институциите не реагираат брзо. На 19 март, Министерството за труд и социјална политика одговори дека ќе бидат преземени мерки и ќе им се дистрибуира помош на семејствата кои живеат во супстандардни услови. (http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-mtsp-obezbeduvame-higienski-paketi-za-semejstvata-shto-ziveat-vo-supstandardni-uslovi.nspx). Резултатот беше дека беа доставени 400 хигиенски пакети во околу 12 општини. Сепак, нема податоци колку од оние семејства кои ги примиле пакетите биле Роми. На 17 март, иницијативата „Аваја“ во координација со Црвениот крст донираше 30 пакети со храна и 150 хигиенски пакети на ромските семејства во Дебар, град кој е затворен, заради ширењето на КОВИД-19.

Иако, институциите реагираат врз основа на официјална статистика, неофицијалниот број на лица во ризик е многу поголем.

На пример:

Топаана е 5-та општина во Скопје со 3.044 жители според официјална статистика или 4.500 жители според неофицијална статистика.

Бидејќи повеќето жители се луѓе во социјален ризик и невработени, во оваа ситуација владата, локалните институции и меѓународните организации можат да им помогнат со тоа што на овие семејства ќе им обезбедат храна и хигиенски пакети за наредниот период.

Сепак, во овој момент граѓанските организации или локалните институции не можат сами да поминат процес на селекција, кој може да ги добие овие пакети и кој не може, затоа што повеќето луѓе се невработени и се под социјален ризик. Значи, најдобро е да се координира и дистрибуира со / од Црвениот крст бидејќи ќе се следат јасни упатства.

Потреби на ромската заедница за време на пандемијата COVID-19

Поради сегашната состојба и воведениот пакет мерки за борба против пандемијата КОВИД-19 во земјава, како и на ненадејниот скок на цените на хигиенските производи, многу ромски семејства не се во можност да се заштитат поради социјално-економски и инфраструктурни проблеми со коишто се соочуваат во нивните заедници. Итните/примарните потреби на ромската заедница започнуваат со:

  • Хигиенски производи, вклучувајќи маски, ракавици, антисептик, антибактериски гелови, спреј за дезинфекција.
  • Лекови, со најновиот сет на мерки воведени од државата, на старите лица (постари од 67 години) не им е дозволено да го напуштат својот дом, а им е дозволено да го сторат тоа само од 05:00 до 11:00 часот во текот на денот. Бидејќи многу постари Роми живеат подалеку од најблиската аптека или медицински установи, тие остануваат ранливи и наскоро ќе развијат критична состојба.
  • Храна, бидејќи многу ромски семејства се соочуваат со недостаток на храна и не можат да ја обезбедат на своите семејства во време на ширење на пандемијата. Потребата за основни пакети со храна е повеќе од потребна во моментот.
  • Пристап до вода, бидејќи многу ромски семејства немаат соодветен пристап до вода, треба да се обезбеди пристап до резервоари за вода или дневно снабдување со вода за да се спречи појава на КОВИД-19 во ромските населби.
  • Информации, бидејќи повеќето информации не се прилагодуваат кон разбирањето на заедницата со цел како да се заштитат или да се однесуваат во време на прогласена вонредна состојба.

Секундарните потреби или мерки кои се важни за да се помогне на ромската заедница за време на кризата КОВИД-19, е во согласност со преземањето на следните мерки:

  • Министерството за образование и наука да ги продолжат наставните програми на учениците преку Интернет, кои исто така, треба стигнуваат до децата Роми.
  • Мерките за економска поддршка од страна на владата да бидат достапни и достигнуваат до ромски претприемачи и компании, вклучително и Роми од секундарна или неформална работна сила.
  • Инфраструктурни интервенции во локалните ромски населби или заменски мерки за да се обезбеди пристап до вода во време на пандемиска криза.

Ангажирање на граѓански организации за време на КОВИД-19

Прогласената Вонредна состојба и предложените мерки треба да ги следат сите, вклучително и граѓанските организации. Сепак, имајќи го предвид профилот на ГО, тие можат да одговорат на следниот начин:

  • Обезбедување на мерки за безбедност и протоколи кои се следат од нив и припадниците на ромската заедница преку обезбедување на информации, помагање со логистичка поддршка и организирање на мобилни тимови за обезбедување поддршка (храна, хигиенски производи и лекови) во координација со Црвениот крст.
  • Вклучени во локалните канцеларии за интервенција или кризни штабови, формирани за време на кризата КОВИД-19.
  • Обезбедување на мерки за дезинфекција на локалните општини, исто така, да ги опфаќаат и ромските населби, бидејќи засега се дезинфицираат само урбаните области на општините без вклучување на ромските населби.
  • Застапување за обезбедување на еднаков третман на Ромите и нивните семејства кои се враќаат во Северна Македонија за време на кризата, еднаков третман и добивање на соодветни човечки услови за карантин, не како што беше претходно (https://irl.mk/kako-mediumite-i-institutsiite-potfrlia-vo-sluchaot-pepelishte-grupen-karantin-za-samo-deset-romi/)

Многу важно е да се координираат напорите да се помогне на ромската заедница во време на КОВИД-19 со национални и меѓународни чинители, така што пристапот и влијанието ќе бидат поголеми.

Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Проектот е финансиран од Европската Унија