
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација е независна младинска организација, активна во Република Македонија. Започнувајќи со работа како мрежа на 15 декември 2007 година, РРОМА се концентрира на младинско зајакнување и мобилизација преку креативност, обуки и кампањи. Нашата визија за нашите млади е тие да станат промотори на позитивни вредности и активни актери во социјалните случувања. Нашата мисија се фокусира на афирмација и промоција на можностите за личен развој и интеграција, како и промовирањето на активното граѓанство и само-вклучувањето во креирањето на политиките кои што ги засегаат младите.

Ц.Р.З "ДРОМ" е ромска НВО која соработува со релевантни институции во и надвор од Република Македонија. Исто така се залага, мотивира и активно работи за повисок животен стандард и повисоко ниво на интеграција на Ромите во општествениот живот преку проекти и програми од образовен, хуманитарен, социјален и еманципациски карактер, како и почитување на родовите разлики.

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија беше основан во јуни 2004 година и одговара на потребите на државните училишта и на населбата Топаана кои се поврзани со исклучително слабиот успех на училиште, висока стапка на осип од училиштата, неписменост и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми, Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.

Нашата визија е организирана ромска заедница која активно учествува во процесот на носење на одлуки на локално, регионално и национално ниво и успешно гради односи во заедницата и помеѓу различните заедници.
Нашата мисија е јакнење и организирање на ромската заедница и нашето основно верување е градење на моќ во самата заедница со оспособување, и преку подучување за превземање на колективни акции за решавање на нивните проблеми, ќе придонесеме за развојот на демократијата во нашето општество.
Ние не сме сервисери и ромскиот народ не е наш клиент туку заедно со него ги решаваме нашите проблеми бидејќи веруваме дека со промовирање и практикување на меѓузависно лидерство секој човек може да биде лидер и да предводи позитивни промени во општеството. Ние светот го разбираме како поле за постојана ненасилна борба за достоинство, правда и еднаквост.

Ромалитико е невладин и непрофитен Институт за истражување и анализа на јавни политики чија цел е критички да ги анализира политиките за Ромите во Република Македонија. Мисија на Ромалитико е да креира и промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања, консултации и тренинг за јавни политики кои ја засегаат ромската заедница во Република Македонија и пошироко. Визијата кон која се стреми Ромалитико е да обезбеди достоинствен живот за Ромите во вклучувачка и мултиетничка Европа. Главни принципи врз кои се темели работата на Ромалитико се: независност и транспарентност, релевантност и иновативност, инклузивност и партнерство со останатите засегнати страни кои се вклучени во интеграцијата на ромската заедница.

Визијата на Здружението на жени ромки ЛАЧО ДИВЕ – Скопје е: Жените и девојките Ромки во Република Северна Македонија се рамноправни граѓани, економски независни, кои активно учествуваат во јавниот и политичкиот живот.
Мисијата на Здружението на жени ромки ЛАЧО ДИВЕ – Скопје е: унапредување и развој на статусот и благосостојбата на жената и девојката Ромка во Република Северна Македонија.