Коалицијата на Ромски невладини организации “Khetane” се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“. Проектот има за цел воспоставување на конструктивен и систематски дијалог помеѓу локалните и националните институции и Ромското граѓанско општество, со цел подобрување на политиките за Ромите и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација, меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.
Коалицијата “Khetane” ќе делува на зајакнување и подобрување на вмрежувањете на (про) Ромски граѓански организации на национално, регионално и ЕУ ниво. Ќе го фасилитира разменувањето на знаење, вештини и контакти, и креирањето на релевантни и доверливи податоци поврзани со интеграцијата на Ромите во Република Македонија. Исто така, како извор на релевантни податоци “Khetane” ќе допринесува за поефективни политики и барање на отчетност на владата во креирањето на политики, носење на одлуки и имплементација на стратегиите и акционите планови поврзани со Ромската заедница.
Коалицијата “Khetane” верува во креирањето на оддржливи модели на Ромска инклузија (патокази за надминување на социјалната ексклузија) и постигнување на структурални промени во локалните политики, креирајќи стратегиски партнерства со останати граѓански организации, локални институции, општини и други релевантни институции.
*Коалицијата на Ромски невладини организации “Khetane” се формираше во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.