Новости

ЕУ награда за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2021 година

Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2021 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи кои постигнаа извонреден придонес кон одржливо вработување на Ромите, како механизам за прекинување на кругот на исклучување.

Наградата ја доделува Европската комисија и е финансирана од IPA-фондовите, а ја имплементира Roma Active Albania (RAA).

Наградата треба да привлече внимание кон конкретните напори и позитивни резултати на различните релевантни странки за зголемување на пристапот до вработување, како и квалитетот на вработувањето на Ромите. Половата еднаквост и еманципацијата на жените Ромки во областа на вработувањето ќе биде важна димензија.

Поконкретно, наградата е наменета да помогне за следните цели:

  • Дополнително прифаќање на улогата и придонесот на вработувањето Роми како една од клучните области за подобрување на позицијата на ранливата категорија на жените Ромки и Ромите во регионот.
  • Промовирање на успешните модели на вработување на Роми и позитивните промени во нивните заедници.
  • Негување на институционалниот дијалог при вработувањето на Ромите.
  • Истакнување на поддршката и работата на Европската Унија за интеграција на Ромите во државите за проширување.
  • Негување на соработката помеѓу засегнатите страни во процесот на интеграција на Ромите.
  • Осигурување на прифаќање и одржливост на влијателните активности имплементирани на најосновното ниво на општествена солидарност.
  • Идентификување и споделување позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни друштва, деловни субјекти и граѓански здруженија на централно и локално ниво во полето на вработувањето.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.

Ќе има двајца наградени како корисници на IPA што промовираат вкупно 14 значајни искуства.

Сите наградени ќе добијат меѓународно признание преку церемонијата за доделување на наградата која, доколку дозволат условите, ќе се одржи во Брисел. Сите наградени ќе бидат поканети да присуствуваат на другите настани организирани таму за време на Ромската недела во 2021 година. Покрај тоа, сите наградени ќе земат учество во студиската посета на Мадрид на тема „Пристап до вработување на Ромите“.

Поединци и наградени од граѓанското општество, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на вработувањето на Ромите. Во овој случај, износот на наградата е ист како што беше применет во наградата за Роми во 2019 година, односно 7 500 евра. Износот е утврден на таков начин да биде доволно голем за да привлече внимание и да се овозможи понатамошна работа во целната област.

Детални информации за повикот можат да се добијат на:

Форма за апликација

Форма за номинација

Јазикот што се користи за апликации и номинации е англискиот јазик. Придружните документи може да бидат на различни јазици, меѓутоа се претпочитаат англиски верзии.

Рокови

Краен рок за доставување на апликациите и номинациите заедно со останатите релевантни документи е 30 април 2021 година, до 23:59 часот според локално време.

Поднесување

Поднесувањето на апликации (самономинации) ќе се врши преку електронска пошта на адресата: application_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да ги содржи иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Поднесувањето на номинации ќе се врши преку електронска пошта на адресата: nomination_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да содржи кратенка на називот на номинаторот, иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана, Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.

Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.