Новости

Средба на коалицијата “Khetane” за 2018

Коалицијата “Khetane” организираше состанок за координација и креирање на застапувачко-нормативни документи поврзани со работата на коалицијата.

На состанокот беа договорени насоките на делување за 2018 година, заедно со креирање на податоци во областите кои што коалицијата ги покрива за подготовка на извештајот за прогресот на Република Македонија во интегрирањето на Ромите. Средбата беше медиумски покриено од 24 Vakti, повеќе детали на линкот.

Коалицијата ја сочинуваат организациите: РРОМА, Сумнал, Асоцијација 24 Вакти, ЗМОЧП-Штип, ДРОМ, Ромалитико и Романо Авази. Претседавач на коалицијата е Мустафа Јакупов од РРОМА, а заменик-претседавач Дениз Селмани од Ромалитико.

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published.