Состанок за координација и евалуација на членките на коалицијата во рамките на проектот „ Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“
Коалицијата “Khetane” традиционално на почетокот на годината организираше состанок за координација, кој што се оддржа минатиот викенд (11-12.01) во Скопје, односно во хотел Центар.
На состанокот беше направен осврт и евалуација на проектните активности во рамките на проект „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“, кој што заврши декември 2019. Беа договорени насоките на делување за 2020 година, заедно со објавување на новиот извештај во сенка кој што коалицијата го покрива за извештајот за прогресот на Република Северна Македонија во интегрирањето на Ромите. Наредната активност на коалицијата ќе се осврне на Ромската жена и нејзината улога во општеството во периодот околу 8 март 2020 година.
Коалицијата ја сочинуваат организациите: РРОМА, Сумнал, Асоцијација 24 Вакти, ЗМОЧП-Штип, ДРОМ, Ромалитико и Романо Авази, а од 2019 година се приклучи здружението Лачо Диве. Претседавач на коалицијата до 2019 година беше Мустафа Јакупов од РРОМА, а ко-претседавач Дениз Селмани од Ромалитико. Од 2020 година, претседавач на коалицјата “Khetane” ќе биде Дениз Селмани од Ромалитико, а ко-претседавач Ерол Адемов од ЗМОЧП. Двајцата беа предложени и едногласно изгласани на состанокот на коалицјата кој што се оддржа во Велес.
Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Проектот е финансиран од Европската Унија