Новости Публикации

Соопштение на коалицијата “Khetane”

Соопштение по

повод сексуалното злоставување на штитеничка на 

државната институција за згрижување деца „25 мај“

Кратово, 16.02.2018 година

Почитувани,

Коалицијата на Ромски невладини организации “KHETANE” е згрозена од чинот на сексуално злоставување на 13-годишната штитеничката на државната институција за згрижување деца “25 мај”, која што завчера било подложено на абортус како последица од злоставувањето. Повеќе згрозувачки и загрижувачки е информацијата што укажува на постоење на разработена шема на искористување на деца кои што се згрижени во државните институции и прикривањето на вистината.

Имено, според информациите кои што беа вчера објавени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) девојчето од „25 мај“ исчезнало на 1 март 2017 година, кога според нејзините тврдења постар маж ја зел од домот и ја однел во друг град каде ја принудувал на сексуални односи и на физичка работа. Понатака, во информацијата објавена на веб страната на ЕЦПР стои дека по 30 дена успеала да избега и да се качи на автобус и да дојде во Скопје, а полицијата ја нашла на Бит пазар.[1]

“KHETANE” jа поздравува одлуката на Министерството за труд и социјална политика за формирање на комисија која што детално ќе го испитува случајот со 13-годишното девојче. Очекуваме ист ангажман од страна на Министерството за внатрешни работи и целосно расветлување на случајот.

Очекуваме:

  • сторителите да бидат пронајдени, изнесени пред лицето на правдата и соодветно казнети.
  • институциите да демонстрираат агилност и функционирање на државните институции кои што се стават во заштита на граѓаните и ранливите групи во општеството и да гарантираат безбедност и можности за живот на сите граѓани во Република Македонија.

Во име на коалицијата “KHETANE”,

Мустафа Јакупов, извршен директор на РРОМА

Линк до соопштението: https://goo.gl/ntQfuh

[1] http://www.errc.org/cms/upload/file/macedonia-pr-exposing-sexual-abuse-of-romani-girls-macedonian.pdf