Новости

Работна средба на Khetane во Велес

Коалицијата на Ромски граѓански организации “Khetane” во периодот од 19 до 21 октомври 2018 година оддржа работен состанок во х.Романтик (Велес).

 

На состанокот се дискутираше за тековните случувања, идните активности на коалицијата, како и усогласување на новите истражувања и обработка на новите податоци. Исто така, присутните претставници од Ромските граѓански организации го разгледуваа водичот за транспарентност и одговорност на граѓанските организации и ја тестираа играта која што беше изработена за таа намена. Наскоро, ќе следи објавување на водичот и играта.

Состанокот заврши со дефинирање на идните чекори на застапување на коалицијата, користејќи ги своите изработени извештаи и податоци, како и настани кои што треба да се организираат во периодот што следи.

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија