РЕАКЦИЈА: За повлекувањето од дневен ред на локалните акциони планови за Роми од страна на советникот Кашмир Салиу
РЕАКЦИЈА: За повлекувањето од дневен ред на локалните акциони планови за Роми од страна на советникот Кашмир Салиу
Кратово, 20.06.2018 година
Почитувани,
Коалицијата на Ромски невладини организации “KHETANE” најостро ја осудува одлуката на господинот Кашмир Салиу – советник во општина Гостивар, за повлекувањето1 на Локалните акциони планови за Роми од дневниот ред на 5-та седница на Советот на општина Гостивар.
Според видеото2 кое што вчера беше објавено од страна на локалната телевизија ТВ2, може да се види како советникот Кашмир Салиу, советник во општината од редовите на партијата Демократски сили на Ромите бара повлекување на Локалните акциони планови кои имаат за цел да им помогнат на Ромите кои што живеат во Гостивар.
“KHETANE” очекува советникот Кашмир Салиу, како и останатите претставници на Советот на општината јавно да ја образложат својата одлука за повлекување на Локалните Акциони Планови (ЛАП). Ромската заедница е директно засегната од донесувањето на Локалните Акциони Планови, кое претставува јавна политика пренесена од централно на локално ниво каде што се предвидуваат активности за унапредување на положбата на Ромската заедница во полето на домување, инфраструктура, вработување и здравство. Имајќи во предвид дека Локалниот акционен план претставува заложба на Општина Гостивар за решавање на проблемите на Ромите на локално ниво, ваквата одлука укажува дека Општината нема волја да работи на ова поле во останатиот период.
Воедно бараме на следната седница на советот на општина Гостивар да побара да ги вратат на дневен ред локалните акциони планови за кој што локалните и националните граѓански организации силно се залагаа и застапуваа пред институциите да се изгласаат и да започнат да се спроведуваат во сите општини.
Во име на коалицијата “KHETANE”,
Мустафа Јакупов, извршен директор на РРОМА
Линк до реакцијата