Прогласен победникот! Штип продолжува успешно да работи на Ромската интеграција на локално ниво
На ден 14.03.2018 во Скопје, комисијата составена од 7 луѓе, членови на коалицијата на Ромски граѓански организации “Khetane/Заедно/Together” ги разгледуваа добиените апликации за изборот на најпријателски Ромски градоначалник за 2017 година.
Изборот за најпријателски Ромски градоначалник се организираше во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.
Целта на изборот е да стане конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери и зајакнување на капацитетите на локалните власти, без обвинувања на останатите, за подобро интегрирање на Ромската заедница на локално ниво преку филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница.На повикот се пријавиле 5 општини: Берово, Тетово, Крива Паланка, Штип и Куманово. За жал на повикот не се пријави најголемата Ромска општина. Пријавените општини на повикот ги претставуваат најпријателските Ромски општини во Република Македонија при изборот за најпријателски Ромски градоначалник за 2017 година. Се надеваме дека на следниот избор и повик, бројот на заинтересирани општини и градоначалници ќе биде уште поголем.
Градоначалникот г-дин Благој Бочварски со освоени 34 поени е прогласен за најпријателски Ромски градоначалник за 2017 година. Со самото тоа, општина Штип по втор пат ја освојува оваа награда и се промовира во најпријателска Ромска општина во Република Македонија, но и дава ветување дека ќе продолжи да работи на интеграцијата на Ромската заедница и да го подобрува статусот на Ромите како граѓани на нивната општина. Особено е важно да се напоменат предизвиците на кои се уште ќе треба да се работи во областите на здравството и образованието, но и имплементацијата на планот за конечно решавање на проблемот со домувањето. Од аспект на вработување, општина Штип веќе работи на тоа да ги интегрира Ромите во сите сфери на општественото делување.
Претходниот градоначалник д-р Зоран Алексов, титулата најпријателски Ромски градоначалник ја има освоено во март 2010 година и присуствуваше на Ромскиот самит во Кордоба, Шпанија.
Како дел од наградата од изборот за 2017 година, градоначалникот ќе присустува на прогласувањето и промоцијата на градоначалниците од западен Балкан и Турција во Брисел на 9 април во Европскиот парламент за време на Ромската недела која што се оддржува од 8 до 12 април 2018 година низ ЕУ институциите во Брисел.
Коалицијата “Khetane” на 21.03.2018 ќе се сретне со победникот за официјално да му ја додели наградата, како и да поразговара за Ромската заедница во Штип и даде свои препораки за подобрување на одредени области од апликацијата. Коалицијата предвидува вакви состаноци со сите општини кои што учествуваа во изборот, каде што заеднички ќе се разговара за решавање и подобрување на статусот на Ромите на локално ниво, бидејќи изборот на градоначалник претставува алатка за детектирање на добрите практики и заедничко подобрување на интеграцијата на Ромската заедница преку филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница.
Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Проектот е финансиран од Европската Унија