На 19 март 2019 година во салата Нобел во Брисел се оддржа прогласувањето на победничките на ЕУ наградата за Ромска интеграција 2019 година. Годинава акцентот беше ставен на Ромските жени, нивната борба и аспирации во заедницата, но и надвор од неа.
Беа доделени вкупно 14 награди во земјите на западен Балкан и Турција. 7-члена комисија составена од претставнички на ЕУ, УНДП, Советот на Европа и национални институции одлучуваа за изборот. Беа добиени 105 апликации од кои 24 апликации беа од Македонија.
Победнички од Македонија беа:
1 место Несиме Салиоска
2 место Салија Бекир Халим
Целата манифестација можеше да се проследи во живо.