Новости

Посети на членките на коалицијата

Во период од 10 до 14 септември 2018 година следеа серија на посети на членките на коалицијата Khetane. На средбите со организациите беа дискутирани тековните и завршните активности за 2018 година, како и продуктите за 2018 година во форма на нови истражувања и податоци.

Беа договорени термините за заедничките средби и активности кон крајот на годината, како и динамиката за почетокот на 2019 година. Активностите ќе опфаќаат креирање на нови податоци од важност за подобрување на политиките за вклучување на Ромската заедница во Македонија, одбележување на датуми значајни за Ромската заедница и промоција на продуктите, т.е. извештаите од новите истражувања.

Коалицијата Khetane е креирана во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Проектот е финансиран од Европската Унија