Новости

Одржан состанок на коалицијата Khetane во Велес

Во периодот од 21 до 22 декември 2019 година во Велес се оддржа состанок на коалицијата Khetane. На состанокот учество зедоа организациите-членки и нивните членови.

На состанокот се направи ретроспектива на 2019 година и активностите на коалицијата во рамките на проектот “Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество  на Западен Балкан и Турција” поддржан од ЕУ Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG 2015/370-300 имплементиран од RAA и партнерот RROMA. Во годината што изминува, акцентот беше ставен на креирање на нови податоци и истражувања, како и подготовка на новиот извештај во сенка. Исто така, организацијата “Lacho Dive” која што работи на родовите прашања и зајакнување на Ромската жена се приклучи на коалицијата и активно ќе допринесува во работата на истата.

На состанокот се разговараше и за спроведените активности како изборот на најпријателски Ромски градоначалник, натпреварот ” Unknown Heroes” и начелно се вршеа консултуации и подготовки за новиот период од 2020 година.