Новости

Национален состанок на коалицијата Khetane во Скопје

На 22.12.2018 година во просториите на Хотел Центар во Скопје се оддржа национален состанок на коалицијата Khetane. На состанокот учество зедоа организациите-членки и нивните членови.

На состанокот се направи ретроспектива на 2018 година и активностите на коалицијата во рамките на проектот “Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество  на Западен Балкан и Турција” поддржан од ЕУ Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG 2015/370-300 имплементиран од RAA и партнерот RROMA. Годината ја одбележа многубројни активности меѓу кои:

  • Извештајот за потребите и проблемите на Ромската заедница – во сенка линк
  • Критериумите за транспарентност и одговорност на граѓанските организации линк
  • Играта за транспарентност на граѓанските организации линк

Како и многуте состаноци и активности на коалицијата на национално и меѓународно ниво. Повеќе за активностите на Khetane може да се најде на веб-страната.

Исто така, на состанокот беа договорени новите активности за 2019 година, меѓу кои повторно изработување на извештај во сенка, избор на најпријателски Ромски градоначалник и др.