Новости

Министерот Аксел Ахмедовски во посета на Сумнал

По повод 2 април, светскиот ден на книгите за деца, Сумнал ја промовираше својата кампања ,,Прочитај ми сказна за да го разберам светот”. Преку оваа кампања се истакнува значењето на читањето книги, особено како важна дејност уште во раните детски години.

Настанот се поврза со интернационалниот ден на Ромите, 8 април, за да се нагласи дека читањето книги е за сите подеднакво без разлика на пол, раса, националност и вероисповед. Но, и да се поттикнаат ромските деца да учат, да се образуваат и да читаат книги.

За таа цел, министерот без ресор г-дин Аксел Ахмедовски на присутните деца им раскажа за неговото искуство од читањето книги и како книгите го довеле до успеси во животот. Тој им ја прочита на децата детската приказна ,,Петар Пан” и на тој начин сакаше да потенцира дека читањето е забавно за сите, за големи и за мали, што може да биде вистинско уживање и дружење.

Заедно со Сумнал му упатуваме голема благодарност на министерот Аксел Ахмедовски за посетата на центарот на Сумнал и огромно благодарам за книгите кои што ги подари, а ќе им користат на центарот и децата.

Повеќе за посетата на министерот Ахмедовски на следниот линк.