Новости Публикации

Извештај за потребите и проблемите на Ромската заедница – од сенка

Коалицијата на Ромски граѓански организации ја објавува конечната верзија на извештајот во сенка, кој што беше изработен во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300.

Овој документ е изработен од страна на коалицијата во рамките на проектот и има за цел да ги сублимира сите документи произлезени од спроведувањето на иницијативите и проектите кои ги имплементираа организациите на кои Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација им додели грантови.

Методолошката рамка која се применува во овој извештај во сенка комбинира квалитативен и квантитативен пристап. Ваквиот пристап обезбедува можност за сеопфатна анализа за тоа колку националните политики за Роми се имплементираат и со кои какви проблеми се соочуваа ромската заедница во Република Македонија

Овој извештај во сенка содржи примарни и секундарни податоци кои беа собрани и преточени во анализи и истражувања од страна на суб-грантистите кои се дел од коалицијата која што се формираше во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.

Овој документ ги сублимира сите клучни наоди и нуди специфични препораки кон сите општествени чинители кои работат за вклучување на Ромите во општеството. Документот е поделен во шест области: владеење, домување, вработување, здравство, образование и антициганизам.

За македонската верзија на извештајот можете да кликнете на следниот линк.

Англиската верзија на извештајот може да се види на следниот линк.