Новости

ЕУ награда за Ромска интеграција 2019 “Unknown Heroes”

Roma Active Albania ја имплементира годинешната ЕУ награда за Ромска интеграција 2019. Наградата има за цел да ги препознае и охрабри напорите на жените-Ромки кои што доаѓаат од основното ниво, односно локалните Ромски заедници. Наградата е финансиски поддржана од Европската Унија, а имплементирана од Roma Active Albania.

Ова е директна безусловна поддршка за Ромските жени од заедницата, и за жените-Ромки вклучени во граѓанските организации, а живеат и работат во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Косово и Турција. Оваа награда ги препознава нивните достигнувања и има за цел да ги поддржи во нивните напори на носење значајни промени во живеењето и интеграцијата на Ромските заедници.

 

На изборот може да се пријават жени-Ромки од горенаведените држави, по пат на директно аплицирање или номинација. Ќе се доделуваат вкупно 14 награди, односно по 2 во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Косово и Турција.

Фондот за награди изнесува:

  • 7500 евра за прво место
  • 4500 евра за втора место
  • патување и 3-дневна студиска посета на европските институции во Брисел
  • доделување на наградата во Брисел за време на Ромската недела 18-21 март 2019 година

Аплицирањето се врши исклучиво на англиски јазик!

Краениот рок за аплицирање е 15 февруари 2019 година, 23:59 часот со испраќање на:

За апликации на Application_EU_Award_2019@raa.al со предмет: иницијалите на апликантката и земјата на потеклото.

За номинации на Nomination_EU_Award_2019@raa.al со предмет: акроним на номинаторот, иницијалите на номинираната личност и земјата на потеклото.

Апликациите и номинациите можат да се испратат во предвидениот рок и по редовна пошта, заедно со документацијата за поддршка на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Tirana, Albania

Деталните информации можат да се проверат на дадените линкови подолу:

Правила на наградата

Формулар за апликација

Формулар за номинација

Изјава на чест