Новости

Градоначалникот Боџварски во Брисел за наградата „Најпријателски Ромски Градоначалник“

Градоначалникот на Штип, г-дин Благој Боџварски, кој што беше прогласен за најпријателски Ромски градоначалник од Република Македонија на 09.04.2018 година во Брисел го доби официјалното признание и награда од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија. На настанот присуствуваа сите градоначалници-добитници на наградата од регионот на западен Балкан и Турција.

Наградите им беа врачени од страна на евро-пратеничката Сораја Пост и директор на директоратот за проширување Кристијан Даниелсон. Исто така, на настанот свое обраќање имаше и министерката Мила Царовска.

Претставниците на Khetane, исто така учестуваа во свеченоста и исто така ќе учествуваат на останатите активности во рамките на Европската Ромска Недела во Брисел, која што трае до 12 април.